Ријана уште пред десет дена му простила на Крис Браун и одлучила да продолжи со врската. Иако повредите и модринките не се заздравени, атрактивната R&B пејачка реши да му ги прости ударите на Браун. Двојката секојдневно се слуша по телефон, а двајцата го закажале и првиот состанок надвор од Лос Анџелес.
- Ријана е „луда“ за Крис и ќе му прости. Ако ме прашувате мене, таа веќе му се врати. Тие постојано се во контакт, Ријана знае и по неколку саати да „заспие“ на телефонот, изјави извор близок до двојката.
Семејството на убавицата од Барбадос не е воодушевено со одлуката на Ријана.
- Не можам да сфатам како може Ријана да му прости на човек кој ја претепа. Нејзиното лице беше изобличено од тој насилник, јас попрво би го бутнала во затвор, отколку да му простам. Изгледа љубовта понекогаш може да биде луда, инаку не би можела да го опишам ова, изјави член од семејството.
Ријана ја откажа големата роденденска забава за 21-от роденден и ја помести и закажаната турнеја, поради повредите.
Пејачката како извинување и роденденски поклон од Браун добила скапоцен накит и iPod.