Нов деловен објект во Кина се верува дека има најмногу прозорци споредено со сите градежни објекти во светот.
Деветкатницата, дизајнирана од јапонскиот архитект Sako Keiichiro, има речиси 1000 прозорци, јавуваат медиумите. Луѓето кои минуваат покрај новото здание во Jinhua, велат дека се зашеметуваат кога гледаат подолго време во зградата. Еден новинар од локален весник вели дека изброил 113 прозорци во 15-те соби на 9 кат, и раскажува дека видел и соба која имала 21 прозорец.
Ниту една од собите во зградата не е целосно квадратна или правоаголна, меѓу собите има големи ходници, а на секој кат од зградата има мини градина.
- Внатре потсетува на вистински лавиринт, вели еден од градежните работници, кој додава дека ова бил најкомплициран и најдолготраен проект на кој работел.
Раководителот на проектот, господин Веи, вели дека објектот ќе биде готов летово. Се очекува да биде изграден и хотел со сличен дизајн. За изградбата на деловниот објект се вложуваат околу 6 милиони фунти, од кои само прозорците чинат 500.000 фунти.