Половина од вкупното население во светот може да се соочи со недостиг од храна до крајот на овој век, поради климатските промени, покажува најновото истражување.
Според истражувањето, има 90 проценти веројатност до 2010. максималните температури во тропските и суптропските региони да бидат повисоки од максималните досега регистрирани во тие подрачја.
Последиците од тоа врз реколтите во тие региони ќе бидат катастрофални, согласно прогнозите, кои се базирани на директни набљудувања и на податоци, обработени од 23 компјутерски модели за последиците од промената на климата на планетата.
„Го зедовме најлошото, набљудувано во историски план, и предупредуваме дека нештата во иднина ќе се влошат чувствително, освен ако не настапи некаква адаптација“, посочи Розомонд Најлер, директорот на Програмата за грама и животна средина на Универзитетот Стенфорд.
Во тропските средини, највисоките температури ќе ги намалат реколтите на житарици и ориз за 40 проценти, според истражувањето. Потоплото време, исто така, ќе ја намали влажноста на почвите.
Околу три милијарди луѓе или половина од светското население сега живее во тропските и суптропските реони, а нивниот број се очекува да се удвои до крајот на векот.
Тие региони се простираат од северниот дел на Индија и јужна Кина до поголемиот дел од Австралија и цела Африка, како и јужните сојузни држави во САД, северна Аргентина и јужен Бразил.