НАСА го одложи лансирањето на шатлот „Дискавери“
Американската вселенска агенција НАСА го одложи првото лансирање на шатлот „Дискавери“ годинава за најмалку една недела поради можни проблеми со вентили на резервоарот со гориво.
„Дискавери“ со седум астронаути требаше да биде лансирани на 12 февруари и да го достави комплет плочи со соларни ќелии на Меѓународната вселенска станица.
За правилна работа на сите три главни мотори на шатлот потребен е притисок во резервоарот да биде соодветен. За време на последниот лет на „Дискавери“ минатиот ноември се откина еден дел од вентилот, но не беше загрозена безбедноста на летот.
Меѓународната вселенска станица, вредна 100 милијарди долари треба да биде завршена идната година и да функционира 15 година, а во овој проект учествуваат 16 држави. НАСА до крајот на изградбата на Меѓународната вселенска станица треба да реализира уште осум мисии.