Барселона дојде до 5.000 голови во шпанската Примера, со два гола на Меси, како и до победа на гостувањето кај Расинг. Жигиќ ги донесе домаќините во предност од белата точка од првиот пенал досуден против Барселона оваа сезона, но во 61. минута на терен влезе Меси.
Само четири минути подоцна го постигна својот прв, а во 81. минута и втор погодок за триумф на Барселона, која така цврсто го држи водечкото место на табелата и се е се поблиску до титулата.
Валенсија дојде до три бода на „Местаља“ против тимот на Алмерија победувајќи со 3:2. Натпреварот беше отворен уште во 5. минута кога Хоакин ја смести топката во мрежата на Алмерија.
Гостите израмнија со голот на Негредо во 22. минута од натпреварот. Но, набрзо Валенсија го врати водството со голот на Давид Виља од пенал во 29. минута. Кој повторно во 61. минута постигна гол за предност на Валенсија од 3:1. Три минути подоцна Негредо постигна гол за конечен резултат од 3:2.
Севиља минимално загуби на гостувањето кај Спортинг Хихон со 1:0. Во 17. минута Кастро го постигна единствениот погодок на натпреварот кој значеше победа за домаќините.
Канела во 28. минута од натпреварот заработи црвен картон, Севиља до крајот играше со фудбалер повеќе но не успеа да постигне гол и да го избегне поразот.