Sheyla
Hershey (28) од Тексас ги има најголемите гради на светот, после само 9
извршени пластични операции за зголемување на градите. Sheyla која по
професија е модел, си имала поставено цел по секоја цена да достигне
„најисполнето“ деколте.
Докторите ја советувале амбициозната
Sheylа дека градите може да и‘ експлодираат, а нејзиниот дечко ја
преколнувал да престане со операциите. За возврат Sheyla пропатувала
низ различни земји за да ги избегне ограничувањата за вградувањето
силикони, а дечкото го оставила.
- Многу го сакав, но морав да раскинам за да си го следам сонот, вели таа.
Откако во САД одбиле да ја оперираат по деветти пат, Sheyla се упатила кон Бразил.
- Мене големото ми е преубаво. Мислам дека немам од што да се плашам, кажува Sheyla.
Таа
сега е „сопственичка“ на најмногу имплантанти на светот, има најголеми
гради на светот, а може еден ден ќе влезе и во Гинис. На веб страната
на Sheyla Hershey (
www.sheylahershey.net) може да се прочита дека таа вкупно имала 18 пластични операции на различни делови од телото.
Дваесет и осумгодишната Американка денес е мажена и има дете.